Херпесот на усните е многу непријатна појава. Покрај тоа што пецка, долго трае, воедно претставува и естетски пробелм.
Иако по аптеките можеме да купиме многу креми кои помагаат при лечење на херпес, по нивната употреба на усните остануваат бели траги, како мали лузни. Херпесот е инфекција на вирусот Herpes implex, а се пренесува преку бакнежи, како и употреба на заеднички прибор за јадење. Откако се пренесува заразата, вирусот е постојано присутен во телото, скриен во нервите, во близина на устата и носот, а на површина избива веднаш откако паѓа имунитетот.
Во тој контекст погледнете неколку оружја кои можете да ги искористите во борбата со херпесот, и тоа, на сосема природен начин.
Кромид и мед
Направете густа смеса од три крупни кромиди, ситно изрендан и 100 грама мед. Со оваа смеса намачкајте го инфицираниот дел, по неколку пати дневно.
Хидроген
Херпесот може да се реши и ако го премачкувате со трипостотен хидроген.
Сол, сода, вода
Третиот лек кој можете да го подготвите дома е мешавина од една лажица сол и една лажица сода бикарбона, со малку вода. Ќе добиете густа смеса со која ќе го премачкате херпесот неколку пати во денот.