Oтстранете ги дамките брзо и без детергент

Дамките на облеката и другите текстилни производи се вистинско проклетство за секоја домаќинка. Од методите за отстранување на различен тип дамки може да се состави цела енциклопедија! Во овој напис ќе ве советуваме  како да отстраните едни од најчестите и тврдоглави дамки.

1. Дамки од малини, јагоди или црвена рибизла

Измешајте една лажичка оцет и лимонов сок. Натопете ја дамката со  смесата.

2. Дамки од боровинки и рибизли

Измијте го извалканото  место со ладна вода. Натопете го  1 до 2 минути во јогурт или сок од лимон. Ако дамката не исчезне од првиот пат, повторете ја постапката.

3. Дамки од сладолед

Потопете го извалкното место во раствор од 1 кафена лажица боракс и 1 лажиче вода. Исплакнете и потоа исперете.

5-Kako-da-gi-otstranite-tvrdokornite-damki-od-oblekata-www.kafepauza.mk_

 4. Дамки од кафе

Измешајте еднакви делови глицерин, амонијак алкохол и вода. Натопетего  извалканото  место со смесата и оставете го така  5 часа. Потоа исплакнете го со ладна вода.

 5. Дамки од крв

Во никој случај не ја перете  облеката во топла вода! Натопете ја во ладна вода и перете со сапун. Ако дамката е стара, впиете го  извалканото  место во солена вода (1 лажица сол на 1 л студена вода) и потоа исперете.

6. Дамки од овошје и сокови

Измешајте 1 кафена лажица хидроген пероксид со половина чаша вода. Измешајте  ја дамката со смесата, а потоа исплакнете со ладна вода.

stain_of_lipstick

7. Дамки од кармин

Истурете врз флеката боракс (се продава во аптека). Изгребете со четка и перете ја облеката со сапунеста вода. Исплакнете.

8. Дамки од конзервирана храна

Посипете ја  дамката со паста за заби во прав  и оставете  така да преноќи. Потоа исперете.

9. Дамки од чоколадо

Направете солен раствор во сооднос 1 лажица сол на 1 л вода. Перете облеката исперете ја во оваа вода.

 

- Реклама -