Жените и мажите не размислуваат на иста фрекфенција и често не се разбираат едни со други, иако зборуваат на ист јазик.
За полесно разбирање меѓу половите откриваме превод на десет најчести машки реченици. Дознајте што навистина мажите мислат кога овие зборови ќе ги кажат на жените.
1. Кога мажот вели: „Тоа е машка работа“, тоа во превод значи: „Не постои рационално објаснување за тоа и нема шанси во тоа да пронајдеш некаква логика.“
2. Ако мажот каже: „Ќе ми треба многу време за сега да ти го објаснувам тоа“, тој всушнсот мисли: „Немам идеја како тоа функционира.“
3. Кога маж ќе ве прекине во домашните работи и ви каже: „Одмори се малку драга, премногу работиш“, всушнсот ви кажува: „Не го слушам натпреварот поради бучната правосмукалка, зарем мора сега тоа да го правиш?!“
4. Доколку ви одговори: „Те слушнав“, тој „меѓу редови“ ви вели: „Жено, немам поим што зборуваш, но се надевам дека тоа нема да го сфатиш, затоа што не сакам уште три дена да го слушам твоето досаѓање.“
5. Ако маж ви каже: „Тоа е интересно, драга“, тој навистина рекол: „Забога, кога ќе прекинеш? Не можам да поверувам дека сеуште зборуваш.“
6. Кога машко ќе ви се пожали: „Знаеш дека имам лоша меморија“, тоа во превод значи: „Се сеќавам на моите згодни симпатии од основно, адресите на првите девојки во кои сум бил заљубен, својот прв секс и првото пијанство и регистрацијата на стариот автомобил кој го имав, но да, повторно ја заборавив нашата годишнина…“
7. Ако маж ви донесе букет цвеќиња со зборовите: „Љубов моја, мислев денес на тебе и ти ги донесов овие убави ружи“, всушност ви кажува: „Онаа млада цвеќарка на аголот е толку секси парче што морав од кај неа да купам нешто.“
8. Кога тој ќе каже: „Не можам да го најдам тоа“, навистина рекол: „Не ми е во дофат на рацете, па затоа не знам каде треба воопшто да го барам. Но затоа ти драга знаеш каде што стои во куќата.“
9. Кога маж додека возите ви каже: „Не се грижи мила, не се изгубивме, знам точно каде сме сега“, тоа во превод значи: „Е сега сме готови! Немам поим ни каде сме ни како да излезам од овде.“
10. Доколку маж за време на разговорот кратко ви одговара: „Аха, драга“, „Да?“, „Навистина?“, „Да, душо“, „Секако, мила“, „Хммм“… тоа во превод не значи ништо, бидејќи станува збор за условни или целосно автоматски одговори.