Откријте ја личноста

Повеќе...

Она што е познато како body language или говорот на телото открива многу повеќе за нас отколку што мислиме, а најмногу тоа што (не) сакаме да го откриеме. Кога сме во пренатрупан бар или диско сѐ што имаме е говорот на телото. Тоа е она што го правиме несвесно и нѐ одразува како личност, а говори за типовите на какви друштвени врски имаме. Докторката Глен Вилсон го наблудувала говорот на телото на луѓе кои држеле пијалок во рацете и нив ги поделила во 8 типови на личности…

Она што е познато како body language или говорот на телото открива многу повеќе за нас отколку што мислиме, а најмногу тоа што (не) сакаме да го откриеме. Кога сме во пренатрупан бар или диско сѐ што имаме е говорот на телото. Тоа е она што го правиме несвесно и нѐ одразува како личност, а говори за типовите на какви друштвени врски имаме. 
Докторката Глен Вилсон го наблудувала говорот на телото на 500 луѓе кои држеле пијалок во рацете и нив ги поделила во 8 типови на личности. Вилсон, која направила анализа за ланецот барови Walkabout, типовите ги нарекла: флерт, трачарење, љубител на забави, плејбој, ледена кралица, цвет, мачо и силеџија. Најотворени според анализата се типовите флерт, плејбој и љубител на забави, потешко им се пристапува на мачо типовите, ледената кралица, цветот и трачот, а силеџиите би требало да се избегаваат. 

1.jpg

Флерт
Обично се жени, кои чашата ја држат нежно, провокативно, со прстите поставени накосо на стаклото. Таа знае и да ја "проврти" чашата меѓу прсти, да привлече внимание и воспостави контакт со очите додека зема голтка. Неизбежен е преминот со прстот по ивицата на чашата, а понекогаш знае да го намокри прстот па јавно да го излиже. 
 

2.jpg

Трач
И овие се обично жени кои се собрале со своето друштво. Зборуваат за другите, критични се, а чашата со вино ја држат за горниот дел и ја користат за гестикулација за да укажат на одредени моменти во текот на конверзацијата. Имаар навика пред другите да се навалуваат над пијалокот и тоа изгледа како да кажуваат нешто многу важно и доверливо. Ваквите особи имаат тесен круг на пријатели со слаба потреба за проширување, па странци обично и не им се потребни.

3.jpg

Љубител на забави
Во оваа група се подеднакво и машките и женските. Друштвени се, гостољубиви и сакаат смеа. Брзите потези со флашираниот пијалок во рака се карактеристични за нив како не би ја пропуштиле добрата конверзација со пријателите. Шишето го држат лабаво, близу до телото, најчесто кај рамото. Овие особи секогаш радо би го прошириле својот круг на пријатели. Најдобар начин да им се приближите и започнете разговор е со одредена доза на хумор. 
4.jpg
 
Цвет 
Овде станува збор за срамежливи и повлечени особи кои чашата ја држат заштитнички и не ја испуштаат, како да се плашат дека некој ќе им ја земе. Дланките им се скриени, а чашата ја користат како изговор за друштво. Тие никогаш не го пијат пијалокот до крај, оставајќи голтка на дното за во итен случај. Пијалокот количински е мал – мала кригла пиво, ако станува збор за машко. Ако добијат сламка тогаш нема да остане неискористена и ќе ја употребуваат за да промешаат помеѓу голтките. Стилот и брзината на пиење е пресудна за нив – многу малку потези се иницирани од нивна страна. На овие луѓе треба да им се пристапи нежно – може да послужат неколку комплименти како би се зголемила нивната самодоверба. 

5.jpg

Ледена кралица
По природа е ладна и дефанзивна. Таа пие од винска или кратка чаша која цврсто ја држи во раката положена преку телото, како да сака да ги избрка другите од себе. Приоѓањето кон неа обично е само губење време. 
 
6.jpg
Плејбој
Тој е активен и вообразен тип кој заведува. Ја користи својата долга чаша или па шише како фалусен симбол, играјќи со неа сугестивно. Осетлив е на допир и склон кон посесивност. 

7.jpg

Мачо
Овој паун е свесен за својот изглед и пие флаширано пиво. Самоуверен е и арогантен, гестикулира нашироко, се шири секаде каде што има простор, ја турка чашата и се нишка на столчето. Ако пие во друштво не им се воодушевува на приоѓањата кон непознати лица, доколку не се случи обратното – да му пријде некој кој ќе го храни неговото его. 
8.jpg
 
Силеџија
Е маж (со исклучоци и приклучоци) кој сака преголеми чаши кои би ги користел како симбол за оружје, цврсто држи во рацете и гестикулира на заканувачки начин, внесувајќи се во улогата. Тој мисли дека е сезнајко, може да биде и помалку непријателски настроен или да се шали на туѓа сметка. Нему треба да му се пријде многу внимателно или најдобро никако. 
Па, следниот пат кога ќе отидете во некој бар размислете какви пораки им праќате на луѓето околу вас само по начинот на кој ја држите чашата.

- Реклама -