Откриени нови бактерии, поопасни од СИДА

Научниците открија нови бактерии, кои претставуваат повеќе сериозна и побрзо растечката опасност од епидемијата на СИДА во 80-тите години на минатиот век.

Како смртоносни во недалечната иднина можат да се покажат дури блага инфекција или рана од гребење, предупредуваат од Светската здравствена организација (СЗО).

Причината е дека антибиотиците стануваат беспомошни пред современите бактерии.

„Постантибиотичната ера во која воспаленијата и ситните повреди ќе убиваат, веќе  не е апокалиптична фантазија, туку сосема реална опасност за ХХI век”, тврди доктор Кеиџи Фукуда, кој е заменик генерален секретар на организацијата.

Извештајот за антимикробната отпорност се фокусира на податоци од 114 земји. Посебно внимание било посветено на 7 различни видови на бактерии кои предизвикуваат дијареа, пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и гонореја.Студијата на информациите покажала дека во сите краишта на светот се набљудува отпорност на бактериите против антибиотска терапија, на начин што овој отпор постојано се зголемува.

Наводно, во последните 30 години не се создаваат континуирано нови антибиотици, иако заразите мутираат. Прекумерната употреба на овие супстанции, исто така може да доведе до отпор, бидејќи организмот се привикнува на нив и тие веќе не делуваат при лекувањето.

Една од препораките на Светската здравствена организација е да се намали третманот со антибиотици. Инаку перспективата е: болестите кои со децении брзо и целосно се лекувале, да станат смртоносни.

Повеќе на оваа тема, ТУКА.

- Реклама -