Oткриени 43 јајца на диносауруси, снесени пред 230 милиони години

Дури 43 јајца на диносауруси, снесени пред 230 милиони години, беа пронајдени при ископувањето во јужната кинеска провинција Гуангдонг.

Во моментов кинеските научници спроведуваат тестови за да утврдат точно на кој вид диносаурус припаѓало потомството. 19 од отворените јајца биле апсолутно непроменети, а можно е да биле снесени пред 65-230 милиони години во мезозојската ера, кога царувал извонредниот Тираносаурус Рекс.

Археологот Јоанли, шеф на локалниот Музеј на диносаурусите, објасни дека најголемото фосилизирано јајце било со дијаметар од 13 сантиметри.

Музејот на диносаурусите во кинеската провинција беше запишан во Гинисовата книга на рекорди во 2004 година со најголема колекција на фосилизирани јајца на диносауруси во светот – 10 008 примероци.

- Реклама -