Тајната за среќен живот е шест часа спиење навечер, 20 минути патување до работното место и два часа дневно поминати со децата. Ова е барем заклучокот на студија извршена со помош на 4000 возрасни доброволци. Експерти го анализирале нивниот животен стил и побарале од нив да ја оцената својата среќа на скала од 1 до 5.

Според резултатите, оние што се најсреќни работат малку повеќе од седум часа дневно, уживаат во пет домашни оброци неделно и одат на два одмори годишно. Најсреќните исто така еднаш неделно излегуваат со пријателите, гледаат три епизоди од омилената сапунска опера и вежбаат четири пати неделно.
Среќните луѓе исто така уживале речиси четири часа во друштво на сопругот или сопругата. Да, голем број од најсреќните луѓе биле во брак.
Тајната за среќен живот:
Часови непрекинат сон – 6 часа и 15 минути
Патување до работно место – 20 минути
Домашно-приготвени оброци – 5 неделно
Вежбање во неделата – 2 часа и 45 минути
Време поминато во природа – 2 часа и 49минути
Време поминато со децата – 2 часа дневно
Време поминато со партнерот – 3 часа и 58 минути
Гледање телевизија – 2 часа
Излегување – еднаш неделно
Алкохолни пијалаци – 4 неделно
Викенд одмори – 3 годишно
Одмори во странство – 2 годишно
Време поминато на работа 7 часа и 15 минути
Посетување на ресторан – 3 пати месечно
Претставник на Yeo Valley, нарачателот на истражувањето, рекол: „Не секој сака скапи патувања и брзи автомобили за да биде среќен, некои луѓе бараат едноставност. Непрекинат сон, време поминато со децата и партнерот е она што се бара. Живееме со сè побрзо темпо, па затоа домашен оброк, омилената ТВ серија или малку вежбање можат да нè направат среќни.“ [Yeo Valley]