Откриена снимка на првиот мобилен телефон… од 1922 година

100526_phone1_copyКога архивистите од британскиот Pathé го откриле немиот филм во нивните архиви не можеле да поверуваат во она што го виделе. Имено, во филмот со наслов „Eve’s Wireless“ било прикажано нешто што изгледа како првиот мобилен телефон на светот, и тоа во 1922 година.


Кога архивистите од британскиот Pathé го откриле немиот филм во нивните архиви не можеле да поверуваат во она што го виделе. Имено, во филмот со наслов „Eve’s Wireless“ било прикажано нешто што изгледа како првиот мобилен телефон на светот, и тоа во 1922 година.

100526_phone1

Снимката прикажува две добро облечени жени во Њујорк кои носат некаква направа која ја поврзуваат за хидрант преку долг кабел. Потоа отвораат чадор, кој изгледа дека им користи како антена, и воспоставуваат повик со оператор кој потоа им пушта музика на грамофонска плоча.

100526_phone2_1

Марк Харис од британскиот Pathe вели: „Неверојатно е тоа дека пред речиси 90 години не само што се размислувало за мобилната технологија и музиката во движење, туку таа и постоела во некаков облик. Навикнати сме технологијата од ваков вид да се појавува најрано во 50-тите и 60-тите, но ова е четири години пред да се појави телевизијата. “

Филмот е се уште мистерија за истражувачите, кои сега се обидуваат да дознаат повеќе детали за оваа интересна технологија. Истиот можете да го погледнате на страницата на британскиот Pathé.

- Реклама -