Се чини дека на Соланж ѝ е преку глава од славниот живот на својата сестра…
Главната вест на вчерашниот ден е нападот на Соланж врз Џеј Зи, а сега наводно е и откиена вистинската причина за конфликтот.
Наводно Соланж го нападна познатиот рапер бидејќи тој не го исполнил своето ветување дека ќе ѝ помогне во нејзината кариера. На помладата пејачка ѝ е доста од животот под сенка на познатата сестра Бијонсе и токму затоа ѝ била потребна помош од нејзиниот зет-милијардер.
27-годишната Соланж моментално работи на својот трет албум, а како што пишуваат медиумите, веќе некое време е љубоморна на својата постара сестра Бијонсе која во животот има сè што посакува, пишува Daily Mail. „Џеј Зи ѝ ветил на Соланж дека ќе ѝ помогне, а кога го спомнала неговото ветување на „after-party“ на Met Gala вечерта, рекол дека сега за неа нема време“, рекол извор.
„Не го оддржа ветувањето. Секогаш вели дека ќе оди со неа во студио, но никако тоа да го направи“, додава изворот. Наводно „капакот“ бил и забавата која ја подготвила Ријана, на која требало да присуствува Џеј Зи но не и Бијонсе. Соланж сакала да го осигура своето место, но очигледно не можела да се воздржи.
Токму тогаш дошло до физичката пресметка во која Соланж го нападна Џеј Зи.
На снимката од камерите за видеонадзор се гледа дека Џеј Зи, Соланж и Бијонсе влегуваат во лифт, а потоа одеднаш Соланж започнува да вика на Џеј Зи и да го удира по рацете и нозете. Во еден момент Џеј Зи ја фатил за ногата со која се обидела да го удри, но ни во еден момент не ѝ возвраќа на нападите. Сето тоа време, Бијонсе стои мирно и го гледа хаосот што се случува пред неа. Откако тројцата излегоа од лифтот, Бијонсе и Соланж влегуваат во еден автомобил, додека Џеј Зи влегува во друг.