Home Технологија Наука Откриен првиот мумифициран диносаурус

Откриен првиот мумифициран диносаурус

0

dino_mummy_630pxppЕден од најкомплетните мумифицирани диносауруси досега најден открива тајни за кои не се знаело милиони години, доведувајќи ги научниците најблизу до тоа да допрат жив диносаурус. Фосилизираниот хадросаурус со издолжена муцка е толку добро сочуван што научниците може да ја проценат неговата мускулна маса и да утврдат дека бил посилен отколку што се претпоставувало дотогаш и најверојатно можел да трча побрзо од предаторите како тираносаурусот рекс.


Eден од најкомплетните мумифицирани диносауруси досега најден открива тајни за кои не се знаело милиони години, доведувајќи ги научниците најблизу до тоа да допрат жив диносаурус. Фосилизираниот хадросаурус со издолжена муцка е толку добро сочуван што научниците може да ја проценат неговата мускулна маса и да утврдат дека бил посилен отколку што се претпоставувало дотогаш и најверојатно можел да трча побрзо од предаторите како тираносаурусот рекс.

dino_mummy_630px

Иако го нарекуваат мумија, диносаурусот не е баш сочуван како Тутанкамон. Телото на диносаурусот е фосилизирано како камен. За разлика од збирките на коски најдени во музеите, овој хадросаурус има и кожа, лигаменти, тетиви и можно е да има и внатрешни органи. Студијата уште не е комплетна, но научниците досега успеаја да заклучат дека хардораурусите биле поголеми – тежеле 3,1 тон и биле долги 12,1 метар – и биле посилни отколку што се претпоставуваше досега, биле брзи и флексибилни и имале кожа со крлушки кои можеби им се лупеле.

"Кожата е прекрасна", изјави палеонтологот Филип Манинд од Универзитетот во Манчестер, Англија. "Неверојатно е кога ќе ја погледнете за првпат. Кожата има длабочина и структура. Степенот на деталност на кожата просто го одзема здивот", изјави тој во телефонско интервју.

Манинг вели дека постои шема на поврзување на поголемите и помалите крлушки на кожата. А бидејќи е фосилизирана не може да се утврди каква била нејзината боја. Гледано вака монохроматски дава ригеста шара.Тој забележува дека кај модерните рептили, ваквата шема често е поврзана со промената на бојата. Фосилот бил најден во 1999 година во американската држава Северна Дакота и затоа го викаат "Дакота". Него го анализираат со најголемиот скенер за компјутерска томографија на "Боинг". Машината се користи за моторите на вселенските шатли и други големи предмети. Истражувачите се надеваат дека оваа технологија ќе им помогне да дознаат повеќе за фосилизираната внатрешност на животното. виа.

[Rare Mummified Dinosaur Unearthed: Contains Skin, and Maybe Organs, Muscle]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here