Вграден во нашето око е делот од телото за кој до неодамна не знаеше никој.
Нов слој на човековата т.н cornea – рожница (проѕирниот преден дел на окото кое ги прекрива ирисот и зеницата) е откриен од тим лидерот Др. Хармајндер Дуа од Универзитетот во Нотингхем. Областа тенка 15 микрони (која е помала од половина едно човечко влакно) сега се нарекува “Dua’s layer.” (Слојот на Дуа).
Микроскопското парче на едно око, во самата позадина на рожницата е шестиот слој на рожница кој е откриен.
“Самиот факт дека го идентификувавме овој нов и различен слој длабоко во ткивото на самата рожница, значи дека сега можеме да го експлоатираме нејзиното присуство за да ги направиме самите операции побезбедни и поедноставни и за нас и за самите пациенти“ – изјави Др. Дуа.
[youtube]http://youtu.be/gBiIksVn2lE[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk