Американски научници го открија генот, виновен за анорексијата. Пред ова откритие се сметаше дека врз развојот на анорексијата влијаат културни фактори, стресот и социјалната средина. Сега сепак научниците откриле дека болеста има и генетски корени. Експерти од Истражувачкиот институт „Елен Скрипс” ги проучувале гените на повеќе од 1 000 анорексични луѓе, како и речиси 2 000 луѓе, кои не страдаат од анорексија. Излегува дека причината за анорексија може да биде во генот EPHX2.
При нормална состојба овој ген енкодира ферменти, кои го регулирааат метаболизмот. Еден од неговите варијанти сепак произведува „модифицирани” ферменти, што доведува до нарушувања во обработката на холестеролот. Тоа се одразува на човековото однесување, неговиот однос кон земањето на храна и влошување на расположението.
Истражувачите истакнуваат дека и покрај фактот што анорексичните лица страдаат од исцрпеност, во крвта имаат високи нивоа на холестерол.