Откажано „Шоуто на Џеј Лено“

Џеј ЛеноПо кусиот и неуспешен експеримент, „Шоуто на Џеј Лено“ беше откажано, а Џеј Лено се враќа во старото Tonight Show, во својот стар термин. Ова е најдобар пример за тоа дека кога парите се во прашање, се уриваат сите пријателства, како што дозна и Конан О’Брајан.

По кусиот и неуспешен експеримент, „Шоуто на Џеј Лено“ беше откажано, а Џеј Лено се враќа во старото Tonight Show, во својот стар термин. Ова е најдобар пример за тоа дека кога парите се во прашање, се уриваат сите пријателства, како што дозна и Конан О’Брајан.

Конан и ЏејПо прошталната епизода од The Tonight Show, Џеј Лено започна со своето ново шоу „Шоуто на Џеј Лено“, еден час порано, на истата телевизија (NBC). Но, со оглед на фактот што во тој термин на сите останати американски телевизии одат високобуџетните забавни серии, ова шоу имаше многу малку гледачи, т.е. ужасно низок рејтинг.

NBC неодамна одлучи дека Џеј Лено е повреден за телевизијата отколку новиот водител на The Tonight Show, Конан О’Брајан. Оттаму, по брза постапка, беше решено Џеј Лено да се врати во своето старо шоу, во стариот термин. Во оваа ситуација, Конан О’Брајан останува со 2 можни избори – или да си ја проголта гордоста и да се врати во поранешното свое Late Night (со помала плата) или пак да замине во некоја друга телевизија.

Ваквиот развој на настаните (и покрај сентименталниот преод кој требаше да донесе голем публицитет) најдобро ни покажува дека кога финансиите се во преден план и најголемите пријателства можат да бидат расипани.

- Реклама -