Главниот настан од кампањата “Напред розово 2015” се откажува и нема да се одржи на 16-ти мај, сабота за кога беше и закажан.
– Со огромна жал Ве известуваме дека со оглед на новонастанатата ситуација во нашата земја, главниот настан од кампањата „Напред розово 2015“ ќе биде откажан и нема да се одри на 16 мај, се вели во соопштението на невладината организација „Борка“.
Оттаму додаваат дека дополнитлно ќе се одлучи за новиот датум за одржување на таканаречената Розова прошетка.