Ким Роуд се надева дека во Рио де Жанеиро летово ќе освои уште еден олимписки медал, како што тоа го правеше во секоја од претходните пет летни Олимпијади. Такво нешто би ја претворило во првиот американски спортист кој освоил медал на шест различни олимписки игри. Пливачот Мајкл Фелпс, на пример, застана на пиедесталот само на три.
Сепак, Роуд е релативно непозната во американската олимписка историја, што единствено се должи на природата на нејзиниот спорт, кој не е толку популарен како
пливањето, но е и многу контроверзен, не затоа што таков е самиот спорт, туку затоа што во САД редовно има масовни пукања, па на оружјето се гледа со голема недоверба.
… до толку, што додека настапуваа на игрите во Лондон, кои започнаа неколку дена по масовното пукање во кино-салата во Колорадо, 36-годишната Роуд и останатите натпреварувачи од американскиот стрелачки тим добиваа анонимни смртни закани. „Нашиот спорт носи една несреќна стигма“.
По масовното пукање во Сан Бернардино во декември, медиумите ја побараа Роуд за коментар, а таа рече дека сочувствува со семејствата на жртвите, но и даде поддршка за правото да се носи оружје. Зошто токму во екот на овој грозоморен чин медиумите ја ставаат токму неа во центарот на вниманието? Тоа е прашањето што го поставува олимписката шампионка, притоа истакнувајќи дека никој не ги прашува возачите од Формула 1, на пример, околу неодговорното возење на автомобили и милионите секојдневни несреќи поврзани со нив.
Ако ништо друго, тоа што го прави стрелаштвото најконтроверзниот олимписки спорт – употребата на оружје – е и истото тоа што му обезбедува силна поддршка. Роуд ја спонзорираат големи брендови како Cabela, Winchester, Beretta и неколку други производители на оружје. „Во споредба со други спортови, ние имаме огромна индустрија зад себе“, вели таа, додавајќи дека обезбедува доволно приход за семејството (сопруг и две деца).
Американските златни носители во спортското стрелање не се нешто многу поанонимни од тие во коњските спортови, кајакарството и бадминтонот, но ги има многу повеќе. Всушност, стрелците имаат освоено повеќе златни медали за САД од кои и да било други спортисти, со исклучок на пливачите и атлетичарите. По вкупниот број на медали, пукањето е на шестото место, по боксот, борењето, скоковите во вода, пливањето и атлетиката. Во Рио, американската федерација за стрелаштво се надева да го подобри постигнувањето од Лондон, каде што освои еден бронзен и три златни медали. Во споредба со трите златни медали што гимнастичарите ги освоија во Лондон, медалите во стрелање речиси и да не беа спомнати и одбележани. Во ерата на честите пукања на јавни места во САД, многу Американци не сакаат да слават спортски успеси постигнати со пушка. Така, и покрај големите достигнувања на американските стрелци, само еден од нив има стигнато во Домот на славните, чии членови се избираат од спортисти, историчари и други дејци.
Конфликтните чувства во однос на олимписките стрелци најверојатно ќе беа уште подлабоки, ако тие се уште беа под капата на Националната асоцијација на сопственици на огнено оружје (NRA), како што тоа беше случај пред основањето на Спортската федерација за стрелаштво некаде во средината на 90-тите години. Одредбите на федерацијата строго забрануваат учествување во политички дебати во врска со оружјето.
Сепак, и ова управно тело се справува со многу проблеми, меѓи кои и специјални договори околу контролните режими на Администрацијата за транспортна безбедност, според кои, во обичен случај, на спортистите би им било забрането да можат да патуваат на натпреварите со своите пиштоли. Некои држави исто така имаат усвоено и ограничувања околу оружјето, кои ги опфаќаат и високо-стручните 22-калибарски спортски пиштоли. Поради ова, натпреварувачите не можат ни да тренираат, а камо ли да се натпреваруваат во овие држави.
Наталија Гранадос, поранешна натпреварувачка на Колумбија која минатата година стана американски државјанин, сега живее со нејзиниот сопруг во Њујорк, каде што таа нема право да го поседува пиштолот со кој се натпреварува во дисциплината 25 метри. Така, не е чудно што не успеа да се рангира за Олимпијадата во Рио. „Ако еден тенисер нема рекет, нема да биде исто како да тренирал со рекет”, вели таа.
Е така е во животот. Секогаш удираме по самарот, наместо по магарето.