Ако сте потиштени, бананата брзо ќе ве „подигне“ и внесе енергија- исто како Бананамен. 😉
Таа содржи три видови на шеќер во комбинација со влакна и затоа е незаменлива. Експертите велат дека само две банани обезбедуваат сила за час и половина време за вежбање. Ја користат спортистите и атлетичарите, а корисна е и затоа што помага во спречување на одредени болести.
1. ДЕПРЕСИЈА
Според најновите истражувања луѓето кои се склони на депресија се чуствуваат подобро кога ќе изедат неколку банани.
Објаснувањето е дека бананата содржи триотопан, вид на протеин кој во телото се претвора во серотонин, хормон кој релаксира, го подобрува расположението и ве прави посреќни.
2. ПМС
Заборавете на апчињата, јадете банани. Витаминот В6 кој го сорджи бананата го регулира нивото на глукоза во крвта.
3. АНЕМИЈА
Богата е со железо, па бананата е одличен избор за оние кои страдаат од анемија.
4. КРВЕН ПРИТИСОК
Ова единствено тропско овошје е пребогато со калиум, има малку сол, и со тоа е совршена комбинација за борбата против крвниот притисок.
5. МАМУРЛУК
Најбрз начин да се ослободите од мамурлакот е да испиете шејк од банана засладен со мед.
6. КАСНУВАЊЕ ОД КОМАРЕЦ
Кога ќе ве касне комарец, на каснатото место истријте го со внатрешната страна од кората бананата. Отокот и чешањето ќе се намалат.
7. СМИРУВА
Бананата е богата со витаминот В6 кој благотворно влијае врз нервниот систем. Студиите од институтот за психологија во Австија укажуваат дека смирува и нервоза и грчеви во стомакот.
8. ЈА КОНТРОЛИРА ТЕМПЕРАТУРАТА
Во многу култури бананата е овошје кое „лади“. Така во Тајланд, бремените жени често јадат банани за да се осигураат бебето да се роди во нормално очекуваната температура.