Осум починати и рекордни 241 новозаразени во последните 24 часа во земјава

Во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 73
– Куманово 10
– Дебар 1
– Штип 60
– Прилеп 5
– Тетово 32
– Струга 3
– Велес 1
– Битола 3
– Охрид 2
– Гостивар 14
– Гевгелија 6
– Струмица 4
– Крива Паланка 3
– Радовиш 3
– Крушево 1
– Кочани 8
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Виница 1
– Кратово 1
– Свети Николе 5
– Кичево 2

Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.

Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица.

– Скопје 40
– Битола 1
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Кичево 1
– Ресен 7

Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.

Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4214, активни 1868
• Куманово 904, активни 236
• Дебар 173, активни 111
• Штип 569, активни 272
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 938, активни 325
• Струга 351, активни 170
• Велес 206, активни 31
• Битола 88, активни 43
• Охрид 231, активни 116
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 286, активни 190
• Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 42, активни 26
• Демир Хисар 14, активни 12
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 10, активни 6
• Свети Николе 184, активни 169
• Кичево 96, активни 80
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -