Осум починати и 136 новозаразени во последните 24 часа, 80 во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 80
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 3
– Тетово 24
– Струга 1
– Велес 3
– Охрид 5
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Кичево 1
– Ресен 4
– Неготино 1

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 57 годишен пациент од Велес. Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни. Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

– Скопје 26
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 6
– Велес 4
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095. Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2667, активни 1785
• Куманово 709, активни 254
• Дебар 83, активни 31
• Штип 277, активни 186
• Прилеп 238, активни 19
• Тетово 582, активни 338
• Струга 182, активни 102
• Велес 172, активни 32
• Битола 43, активни 14
• Охрид 124, активни 104
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 92, активни 53
• Гевгелија 10, активни 6 (2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 13, активни 9
• Крива Паланка 12, активни 6
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 62, активни 27
• Пробиштип 13, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 17, активни 15
• Кичево 10, активни 6
• Ресен 73, активни 72
• Неготино 20, активни 9 ( 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

- Реклама -