Осум неверојатни факти за женскиот задник

Иако задникот не е првото нешто што мажите го забележуваат кај жената, сепак е дел од телото пред кој што никој не останува рамнодушен.
Добар задник, заслужува добар комплимент

Од сите делови на телото за кои се дава комплимент, жените најмногу се радуваат кога  некој ќе им го пофали  заникот, така барем наведуваат  The Men’s Health и Women’s Health Big Book of Sex

Здраво е да имате голем задник

Според резултатите на истражувањето на британска студија од 2010 година, маснотијата на подрачјето на задникот може да биде и штит од болести – спор метаболизам и низок кардиоваскуларен ризик.

Еден задник бил инспирација за Spanx

Сара Блејкли, основоположникот на популарните Spanx, неодамна за CNBC изјави дека сопствениот задник и послужил како инспирација за оваа популарна долна облека за обликување на телото.
„ Како жена не знаев што да облечам под белите панталони“, вели Сара.

Twerking

Изразот „selfie” кој означува фотографирње на самите себе, најчесто во купатило, во речникот на Оксфорд влезе на почетокот од 2013. година, па  очигледно и тверкањето има сличен пат. Благодарение на Мајли Сајрус и танцот кој вклучува опасно мрдање со задникот, овој израз стана  познат ширум светот.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

niceass-1

Задникот е дел од најголемите мускулни групи

Според Women’s Health Big Book of Exercises, задникот е најголем, а можеби припаѓа и на групата најмоќни мускули. Клучот е во тоа да го зацврстите со вежбање – седењето не се важи.

Песни за задникот

И додека задникот постојано се споменува во новите популарни песни, сигурно се сеќавате на песната „Baby Got Back” која во 1992. година освои Греми за најдобра соло рап песна, а и денес е омилен избор за караоке.

Мажите не го приметуваат веднаш задникот

Во неодамнешно истражување во кое Британците биле запрашани што најпрво забележуваат кај жените, резултатите покажале дека прво ги забележуваат очите, а задникот е на далечното осмо место.

Поради задникот некои идат под нож

Во 2012. година во САД, 2.681 жена отишла на лифтинг за задницата, а од нив 746 ставиле импланти, покажуваат податоците на американското друштво за пластична хирургија.

- Реклама -