ОН: Осум милиони раселени лица поради војната во Украина

Женева, 23 мај 2022 (МИА) – Последните податоци на ОН покажуваат дека осум милиони луѓе биле принудени да се раселат поради воените дејствија во Украина, од кои повеќе од шест милиони ја напуштиле земајта.

Извештајот на Агенцијата за бегалци при ОН покажува дека бројот луѓе принудени да бегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон ширум светот за прв пат ја надминал границата од сто милиони.

„Сочувство постои и ни е потребен сличен ангажман и за сите други кризи низ светот. Но, на крајот на краиштата хуманитарната помош е палијативно решение, а не лек. Мирот и стабилноста се единствениот одговор за сменување на негативниот тренд, за невините луѓе да не бидат приморани да избираат меѓу живот во опасност и оној во егзил“, рече Гранди.

Прочитајте и:  Зеленски: Под администрацијата на Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо
- Реклама -