Остин: Укинувањата на ограничувањата за Украина за западното оружје го забавија напредокот на Русија во Харков

Напредувањето на Русија во регионот Харков забавува, а линијата на фронтот се стабилизира откако некои сојузници ги укинаа ограничувањата за употребата на донираните оружја од Киев за напади врз цели на руска територија, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Она што го гледам е забавување на напредувањето на Русите и стабилизирање на тој дел од фронтот, рече Остин.

Според него, ќе има се поуспешни акции на украинските војници.

Остин им изјави на новинарите на маргините на состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО во Брисел.

„Но, да, пред неколку недели имаше загриженост дека ќе видиме значителен пробив од Русите. Мислам дека нема да видиме дека тоа ќе се случи“, додаде Остин.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -