Тешко е да одржувате врска ако вашите основни ставови ви се различни, а тоа пред се се однесува на прашањата поврзани со децата, бракот, семејството, кариерата, парите и сексот.
Постојат јасни знаци кои укажуваат на тоа дека љубовната врска нема иднина, односно дека е време да го оставите партнерот. Но препознавањето на тие знаци бара брутална искреност со самите себе, а и многу храброст.
Оваа листа од пет прашања може да ви помогне да ја оцените ситуацијата во вашата врска, и според тоа, да донесете одлука:
Дали емотивната поврзаност со партнерот исчезнала? Можете ли се уште да ја почувствувате?
Повеќе време минувате во кавги со него или се сложувате?
Како изгледа вашиот сексуален живот? Дали е редовен како претходно?
Дали тој прави работи кои вас неверојатно ви пречат и ве нервираат?
Направил ли некогаш нешто што ја нарушило вашата доверба во него? Можете ли се уште да му верувате?
Доколку искрено одговорите на овие прашања, веднаш ќе знаете дали вашата врска има иднина или е време да ја прекинете.