Депилацијата и отстранувањето на несаканите влакна од телото во денешно време е вообичаен начин на одржување на хигиената.
Но, експертите предупредуваат дека отстранувањето на срамните влакна е многу штетно и претставува голем ризик за здравјето.
„Кожата страда за време на депилацијата. Не е важно кој методот за отстранување на влакната. Сите се многу штетни! Кожата околу гениталиите е многу чувствителна самата по себе. Отсранувањето на срамните влакна го зголемува ризикот од инфекции, но и сексуално преносливите болести и херпесот. Овие опасности особено се закануваат на помладите жени“, тврди докторката Емили Гибсон.
„Срамните влакна имаат своја намена. Тие се слој кој штити од триење кое може да предизвика оштетување на кожата, како и заштита од бактерии. Отсранувањето иритира и може да го воспали фотикулот на влакното, оставајќи микроскопски отворени рани. Со тоа се зголемува ризикот од инфекции, но и од сексуално преносливите болести“, објаснува Гибсон.
Па, изборот и ризикот останува на вас.