Остатоци од воен авион и потонат брод, пронајдени во Охридско езеро

На дното на Охридското Езеро, биле пронајдени остатоци од авион, од Втората светска војна.

Истите биле видени во рамки на Проектот за пренуркување на езерото, кој во текот на изминатиот период беше спроведен од страна на меѓународиот нуркачки инструктор Милутин Секуловски, пишува „OhridNews“.

„Локацијата на авионот е во делот  кај Поградец. За тој авион и претходно имаше некакви сознанија, а ние само ги документиравме истите. Иако постоеја информации од албанската страна дека тоа е германски авион, ние утврдивме дека станува збор за авион кој припаѓал на англиското воено воздухопловство. Сепак кога ќе се погледне под вода не се гледа целосен авион, туку само делови од него“, раскажува Секуловски.

EMI_6875

Освен остатоците од воениот авион за време на пренуркувањето, биле документирани и еден потонат воен брод и неколку други пловни објекти кај Струга, кои потекнуваат од Првата светска војна.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Тој објасни дека исто така биле документирани и локации со интересна конфигурација на дното, како и подводни извори во езерото за кои до сега немало податоци.

„Позиционирани се и подводни извори на повеќе места во езерото. Кај манастирот во Калишта на длабочина од пет до осум метри има подводни извори, слични на оние кај Свети Наум. Тоа се извори од каде излегува голема количина на вода и се многу интересни за разгледување“, вели Секуловски.

Според него, целокупниот регистриран материјал во рамки на овој проект освен за научни цели ќе значи многу и за промоцијата и развој на подводниот туризам во Охридското Езеро.

- Реклама -