Како што температурата и влажноста на воздухот се зголемуваат, така се зголемува и ризикот од болести поврзани со топлината.
Особено внимателни треба да бидат луѓето со хронични болести, постарите лица, малите деца и бебињата. Американскиот центар за превенција и контрола на болести ги дава следните препораки за “ладење“ на телото за време на топлотните бранови:
- Останете во климатизирани простории колку што е можно подолго.
- Пијте многу течности во текот на денот.
- Носете лесна и широка облека со светла боја.
- Нанесете заштитен крем за сончање.
- Бањајте се со ладна вода.
- Обратете внимание на временската прогноза и советите од лекарите.
- Никогаш не го оставајте своето дете во возило.
Објавено во соработка со За Здравје.