Основачот на LinkedIn: Работното време од девет до пет ч. ќе исчезне до 2034 година, луѓето истовремено ќе работат во повеќе индустрии

Рид Хофман, со-основачот на платформата за барање работа, „Линкд-Ин“, верува дека работното време, на кое се навикнати повеќето луѓе, наскоро ќе стане минато.

– Работното време од девет до пет часот нема да се задржи уште долго време. До 2034 година веќе нема да се работи на тој начин… Ќе има поголема флексибилност и можности, но ќе има и недостаток на сигурност на работните места, што е нешто што го сакаат речиси сите вработени, а луѓето ќе мора да работат на тоа за да се постигне одредена сигурност. Многу работни места ќе ја променат својата природа на работа, бидејќи автоматизацијата целосно ќе ги преземе работните места или ќе го промени начинот на којшто луѓето ги извршуваат тие работи, објасни тој.

Тоа, значи и дека, веројатно, голем дел од работната сила ќе биде заменета со вештачка интелигенција, пренесува „Јунилад“ (Unilad).

Прочитајте и:  Виртуелен ВИ-приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан

– Луѓето нема да работат само во една компанија, туку во повеќе од една, можеби дури и во повеќе различни индустрии. Сѐ тоа се промени што нѐ очекуваат и сѐ ќе биде различно од она на што сме навикнати изминативе неколку десетлетија, додаде Рид.

Овие предвидувања предизвикаа мешани реакции кај луѓето бидејќи многумина стравуваат дека нивната стабилност и начин на живот ќе се влошат. Но, има и спротивни мислења.

– Работните места веќе се поделени на флексибилни и фиксни часови, тоа не е ништо ново, аргументира Џеј Загорски за „Нејшнал“ (The National), по коментарите на Хофман.

Загорски вели дека тие работни места, од чистачи до контролори на летање, имаат едно нешто заедничко – „кога смената ќе заврши, работата на човекот е завршена“. Според него, овие работни места нема да исчезнат, без оглед на спротивните предвидувања.

- Реклама -