Основачот на „Фејсбук“, Марк Зукерберг, откако стана татко одлучи да го донира своето богатство во новата фондација Chan Zuckerberg Initiative. Неговата цел е светот да стане подобро место за живеење на децата .
Тој заедно со Присила, неговата жена, ќе дадат 99% од акциите во вредност од 45 милијарди долари.
Откако дозна дека ќе стане татко, Марк активно се вклучува во програмите за подобрување на животот на децата во светот.
Исто така, тој воведе и ново правило во својата компанија. Имено, отсега и мажите имаат право да земат породилно отсуство.