Османи во Шпанија бара признавање на Косово, Груби во Косово на разговори за пописот во Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека е на посета во Шпанија, ќе побара оваа земја да го признае Косово.

Ова го соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, во изјава за „ТВ21“, по неговата средба со Вјоса Османи, која е вршител на должноста претседател.

„Апсолутно да, прашањето со Косово е на приоритетната листа на г-динот Османи. Исто така е и приоритет на нашата партија како учесник во Владата на РСМ. Со Г-ѓата Вјоса Османи исто така дискутиравме дека секогаш ќе ја има нашата поддршка, било мојата како вицепремиер, или на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, затоа што Косово е наш приоритет“, изјави првиот вицепремиер.

Прочитајте и:  Меџити: Прашањето со екстрадицијата на Рамадани треба да го решиме генерално, а не случај по случај

Груби пак, денеска е во еднодневна посета на Косово, каде покрај со Вјоса Османи, се сретна и со останатите лидери на тамошните политички партии – Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци” – Халил Кастрати.

Како што информираа од кабинетот на Груби, тема на разговор на состаноците ќе бил пописот во Македонија.

Вчера и кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти, ја повика албанската дијаспора од земјава, да се регистрира на пописот.

Во официјалните соопштенија на Бујар Османи, пак, ниту на веб страната на МНР, ниту на неговиот Фејсбук профил, не се спомнува дека признавањето на Косово било или ќе биде тема на средбите во Шпанија.

 

- Реклама -