Османи: Наредните часови ќе бидат клучни за решавање на спрото за името

Наредните часови ќе бидат клучни за решавање на спорот со името, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Тој и денеска при презентација на новиот реформски „план 18“, го повтори истот дека се изодуваат последните метри од маратонот, кои обично се најтешки. Потенцира дека има волја од двете страни да се реши спорот, активен е ангажманот на двете влади, а поддршка има од сите европски земји.

Според Османи во однос на договорот, повеќе има интервенции во пишаното, отколку во генералниот договор.

- Реклама -