Османи го посети Џафери во болница: „Еднаш борец, секогаш борец“ (ФОТО)

Вицепремиерот Бујар Османи, заедно со директорот на клиниката за Торакална хирургија – Неџати Јакупи, и двајцата негови сопартијци од ДУИ, денеска го посетија собранискиот спикер Талат Џафери, кој на 24 јули беше хоспитализиран на Инфективната клиника поради пневмонија, а на тестовите за коронавирус – негативен.

„Еднаш борец, секогаш борец“, напиша Османи на Фејсбук.

Синоќа од Кабинетот на Претседателот на Собранието информираа дека неговата здравствена состојба е стабилна, но дека Џафери, по интензивните активности во текот на изборната кампања, во моментов мирува и одмора по препорака на лекарите. Оттаму додаваат дека Џафери неколкупати бил тестиран на Ковид-19 и дека сите тестови се негативни.

Од Кабинетот уверуваат дека конститутивната седница на новиот собраниски состав ќе биде закажана согласно роковите од Уставот и собранискиот Деловник, но не потврдија дали Џафери ќе може да оди во Крушево за прославата на Илинден, според одлуката на владата.

Според Уставот, Џафери треба да ја свика седницата најдоцна до 4 август. Доколку не е во можност, предвидено е тоа да го стори најстариот пратеник во Собранието.

- Реклама -