Сите ние се соочуваме со митисерите на нашето лице во еден момент од животот.
И мора да признаеме, тие воопшто не се привлечни. Најпогодените области се носот, брадата и челото. Сепак, на носот се (речиси секогаш) најзгуснати.
Еве начин да ги отстраните- на природен и многу лесен начин…
Најпрво, задолжително е да се отсранат мртвите клетки на кожата кои ги имаат заробено митисерите во порите. Со цел да успеете во тоа, направете пилинг на лицето, обрнувајќи внимание на најпогодените области.
Навлажнете го лицето, ставете малку пилинг по избор (на пример талог од кафе) и тријте ја погодената област со раце или чиста памучна ракавица со нежни, кружни движења околу пет минути. Измијте.
Потоа, треба да го парите лицето на млака пареа. Најдобро е да земете поголем сад со зовриена вода (или чај од камилица) и да ја држите главата над него, и да ставите пешкир над вашата глава, за да постигнете подобар резултат. На овој начин ќе ги „отворите“ митисерите.
Потоа, направете ја оваа „ремек дело“ маска за чистење на лицето:
– 4 лажици сода бикарбона
– 1 чаша минерална вода
Измешајте ги состојките додека не добиете пасна, нанесете ја смесата на лицето, избегнете го пределот околу очите, и по десет минути исплакнете со топла вода.
Резултатите се видливи веднаш!
Исушете го лицето и нанесете крем за хидратација на лицето.