Ослабела 350 килограми и денес е друга жена

Мајра Гонзалес (34) од Тексас, имала навистина трагичен живот. Таа отсекогаш имала проблеми со килограмите, а во еден момент стигнала и до критични 450 килограми, кога не била во состојба ниту да стане од кревет.

Mayra-Rosales

Меѓутоа, најголемата трагедија настанала кога сестрата на Мајра го удрила нејзиното двегодишно дете во глава, после што тоа починалo, а во паника ја замолила Мајра да ја превземе таа вината. Мајра го направила она што нејзината сестра ја замолила, и поради тоа во медиумите започнале да ја нарекуваат „убиец од половина тон“.

Откако била уапсена од страна на полицијата и обвинета за убиство, со помош на обдукција било покажано дека таа не била во состојба да го направи тоа, по што нејзината сестра го признала кривичното дело. Откако излегла од затвор, Мајра одлучила во целост да го промени својот живот, и после неколку операции и строги диети, успеала во својата намера.

halfton4n-1-web

„Бев жива, но не живеев. Немав никаков живот“, раскажува таа. До денешен ден Мајра ослабела повеќе од 360 килограми, а целта и е да ослабе уште 10.

Иако признава дека нејзиното патување не било воопшто лесно, таа е сега одлучна да истрае, но и да ги мотивира другите да се ослободат од проблемите со тежината.

- Реклама -