За неговата последна книга, „Внатрешниот круг на Европа“, Герт Вербелен помина една недела во географските центри на 18 земји на Еврозоната. Неговата цел беше да создаде апстрактна презентација на Еврозоната како еден заеднички ентитет. Тој откри дека поради миграциите на младите генерации во големите градови, и недостатокот на развојот на малите села низ цела Европа, животот на овие луѓе често пати е поосамен отколку што мислиме.
Се сретнав со нив и им поставив неколку прашања во врска со оваа најнова студија.
Што те инспирираше да отидеш на пат и зошто ги одбра центрите на овие држави?
Јас живеам во мало село во близина на Брисел, кое на некој начин е центар на Европа. Идејата за посетата на земјите од Еврозоната се роди кога осумнаесеттата држава (Летонија) стана членка во 2014 година. Не сакав да ги работам главните, големите градови или фотогеничните области.
Наместо тоа, идејата беше да посетам по едно место во срцето на секоја земја, да бидам таму, да истражувам и да форографирам точно по една недела. Ограничувањето на престојот на една недела ми овозможи многу поинтензивно вклучување во секоја локална заедница.
Како си ги пресметал центрите на државите како и параметрите по кои ќе работиш?
Мојот брат, математичар, ми покажа како географски да го определам центарот. Оваа ограничувачка и тврда структура, ми ги одреди границите и ми формираше еден вид географски кафез во кој можев да работам сосема слободно. Иронично, секогаш завршував на речиси целосно напуштените места, од кои младите заминале во поголемите градови за да најдат работа, оставајќи зад себе празни улици.
Која од државите е најгостопримлива и дали тоа има врска со нивната економска позиција во Европа?
Морам да кажам дека на југот беше потопло, и во однос на климата и во однос на луѓето. Иако оваа споредба не може секаде да се примени. Поединци кои случајно ги запознаваш се тие што го одредуваат чувството на добредојде, а не економската состојба на земјата во тој момент. Најмалку гостопримливо беше едно куче во Литванија кое ме гризна, откако се оттргна од синџирот. Но, момчето кое ме превезе до болницата ја поправи работата.
Економската криза во Грција и големиот прилив на бегалци се теми кои доминираат во 2015 година. Дали забележа нешто од ова додека работеше на проектот?
Видов влошување на состојбата и многу безнадежност, особено меѓу младите луѓе. Со малку можност за подобри времиња или повеќе работа, поскап живот, без изгледни шанси да се подобри. Многу од луѓето што ги запознав размислуваат да се преселат во некоја друга европска земја каде што еконмските услови се поповолни.
Додека бев во Грција, почувствував одбивност кон Геманците и нивните лидери. Европа се чини дека потфрли во случајот на овие мали села. Да се биде дел од Еврозоната стана закана за локалната економија. На крајот, луѓето се плашат дека ќе го изгубат својот идентитет и традициите. И она што најмногу ме погоди на патувањето низ овие шармантни села е тоа како руралниот егзодус во насока на големите градови, стареењето на населението и невработеноста, ги оставаат во голема осаменост.