Состојки:
1 чаша (150 мл) ориз
1 главица кромид
1 чешне лук
1 домат
1 конзерва туна
копар
50 г. тврдо сирење
малку грашок
неколку маслинки
рузмарин, сол, вегета
пола кесичка пармезан
маслиново масло.
Подготовка:
Оризот сварете го во солена вода. Додека оризот се вари, насечкајте ги на коцки кромидот, лукчето и доматот, а копарот сечете го на пола за вкусот подобро да се осети.
Крупните парчиња туна иситнете ги со нож.
На масло пржете ги кромидот, лукот, доматот а потоа додадете го грашакот, туната и маслинките, зачинете.
После кратко динстање додајте го копарот и варениот ориз. Тргнете ги од оган, додајте ситно исечкано сирење и пармезан и све добро измешајте.