Дванаесеттото по ред гала случување на реномираните AUTOBEST награди се случи на 4ти Фебруари во Атина, Грција. Според организаторите на настанот, локацијата беше свесно одбрана, токму поради најголемата значителна загрозеност на економската криза, а со цел оживување на индустријата преку директно поврзување на следното ниво на автомобилизмот, публиката и стручното жири, кое пак беше составено од: високи преставници од автомобилската индустрија целиот свет, екс премиерот на Романија Калин Попеску и грчкиот министер за транспорт Костис Чацидакис.
Ford B-MAX е изгласан за “AUTOBEST 2013” со 830 поени, оставајќи ги зад себе Skoda Rapid – на второто место со 736 поени и Peugeot 301 на третото со 662 поени. 7 членови на жирито го изгласаа B MAX на првото место, 3 членови гласаа за Rapid-от на место број 1, но ниту еден член на жирито не гласаше за прво место за 301.
“Паметам кога Ford B-Max беше само идеа, која како и сите други идеи можеше да стане реалност или да остане само идеа. Морам да нагласам дека B MAX има одличен фабрички квалитет, кој пак се верификување со добивањето на наградата AUTOBEST 2013,,- изјави на церемонијата, Џон Флеминг извршен потпретседател на Ford Motor Company.
“B-MAX е брилијатно, интелигентно ново возило. Тоа е одраз на новиот бран на производи кои Ford ги лансира во Европа, не со 1 туку со 2 централни столба вградени во вратите! Квалитетот е импресивен и со 1.0 l Ecoboost мотор – AUTOBEST е првиот настан со интернационално жири кој го награди овој неверојатен мотор, со што го комплетираше портретот на ова извонредно возило. Со B-Max-от им покажавме на европските купувачи дека најдоброто возило на пазарот е навистина кул! ,, – изјави Илиа Селиктар, претседател на AUTOBEST.
Настанот беше дополнително зачинет со сензационално шоу, изведено од грчки изведувачи меѓу кои и Елефтериа Елефтериу, позната пејачка која ја претставуваше Грција на последната Евровизија.