Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, но истовремено Русија е нуклеарна сила и опасно е да биде ставена во ќорсокак, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи на итни преговори за мир.
Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировните преговори.
„Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро“, напиша Орбан на Твитер.
Утре (24 февруари) навршува годишнината од руската инвазија на Украина.
Извор: МИА