Орбан: Кога десницата ќе ја преземе ЕУ, ќе ја направи Европа повторно силна, богата и слободна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сега е засилена десничарската група во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, и дека десницата се обединува во Европа, која, според него, кога ќе ја преземе политиката на ЕУ, повторно ќе ја направи Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна.

„Нема да застанеме. На крајот на борбата, Париз ќе ја промени политиката, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и повторно ќе ја направиме Европа голема, силна, сигурна, богата и слободна“, напиша Орбан на платформата „Икс“.

Тој истакна дека десницата не треба да се повлекува од Брисел, туку треба да го заземе и да им го врати на народите на Европа.

Прочитајте и:  Макрон: ЕУ може да умре

Орбан потсети на досегашните успеси на десницата во Европа, вклучувајќи ги победите во Италија, Холандија, Австрија и Чешка, како и формирањето на групата во Европскиот парламент – Патриоти за Европа, која е трета по големина во ЕП.

Оваа група беше формирана во јули, по изборите за ЕП во јуни, и ја сочинуваат пратеници од партијата на Орбан, Фидес, францускиот Национален собир и белгискиот Фламански интерес.

- Реклама -