Оптималното пешачење изнесува 3 километри

Луѓето треба секојдневно да пешачат по три километри за да го постигнат оптималното ниво на физички вежби, велат експертите. Пешачењето овозможува бројни позитивни ефекти и за телото и за умот.

Тие додаваат дека пешачењето ги има истите позитивни ефекти врз расположението и борбата со депресијата како и психолошките третмани како што е когнитивно бихејвиоралната терапија. Исто така, поефективно е од држење диета и по однос на придобивките по здравјето е еквивалентно со откажувањето од пушење.

При пешачењето се намалува крвниот притисок како и пулсот. Нивоата на стрес хормоните се намалуваат при што како резултат се добива намален стрес и подобар имун систем.

Овие тврдења ни доаѓаат по извршената студија на Универзитетот во Мичиген каде што се заклучува дека имањето на куче е добро за здравјето. Тоа се должи на фактот што газдите на кучињата редовно ги шетаат своите домашни миленичиња и по однос на тоа имаат за 30% поголема веројатност да ги исполнат трите километри дневно.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -