Оптичка илузија што ќе ти го спржи мозокот

Кога гледаш оптичка илузија, мозокот автоматски се обидува да ја дешифрира и „исправи“. Оваа нова илузија, креација на Викторија Скај, го прави тој процес многу потежок од речиси сите илузии што досега ги имаме видено.

Се работи за модерна варијација на оваа на Ричард Грегори. Составена е од перфектно подредени хоризонтални и вертикални линии, и сé што гледате е паралелно. Дап, буквално секоја линија што можете да ја повлечете преку сликата е паралелна.

Тоа што ја прави илузијата е начинот на кој овие линии интерактуваат меѓусебно. Скај објаснува зошто очите се измамени и гледаат искосени линии наместо право хоризонтални или вертикални: „Научниците велат дека причината за илузијата е начинот на кој белите и црните рабови интерактуваат во спротивни насоки долж правата линија, измамувајќи го мозокот дека има кривина во самата линија“.

Без контрастната интеракција на линиите, илузијата го губи ефектот. Пробајте да ѝ ставите блур на сликата, и ќе се уверите… Добро, добро, ај ние ќе ставиме.

[spoiler title=’И со блур е зезнато за гледање. Клик ако сте храбри.’ style=’default’ collapse_link=’true’]

Ви рековме.

[/spoiler]

Што и да правите, не гледајте премногу долго во сликиве. И самата авторка на илузијата признава дека ѝ предизвикуваат главоболка.

 

- Реклама -