На сликата гледате 4 точки што трепкаат.
Или можеби се две точки што осцилираат горе-доле? Или две што осцилираат лево-десно? Или можеби ротираат една околу друга? Ако ротираат, дали ротираат во насока на стрелките на часовникот, или обратно?
Како што сме се увериле многу пати, ваквите оптички илузии знаат да бидат многу забавни, ама знаат да предизвикаат и главоболка. Во конкретниов случај знаеме што ја предизвикува збунката – се работи за варијација на стробоскопскиот ефект, кој се јавува кога континуирано движење е претставено преку серија од кратки и моментални прикази.
Сепак, тоа не го менува фактот дека во оваа илузија, постирана на Reddit од корисникот u/d023n, е лесно да се изгубите. За да биде поинтересно, тој ја сподели и во две дополнителни брзини: Едната верзија е забавена, за да можете полесно да ги воочите сите можни типови на движења кои точките потенцијално ги прават.
Другата е забрзана, во која е нешто полесно да заклучите дека се работи само за точки што трепкаат.