“Опра Шоу” Ексклузивно на Скај Нет Плус

najgledanoto_tv_show_na_svetotpp.jpg SkyNet+ (Скајнет Плус), новиот сателитски канал, ги откупи правата за
најновата, 2007/2008 сезона, на најпопуларното светско телевизиско
ток-шоу, Шоуто на Опра Винфри. Гледачите од цела Македонија ќе можат да
го следат од средината на ноември, преку кабелските оператори.


najgledanoto_tv_show_na_svetot.jpgSkyNet+ (Скајнет Плус), новиот сателитски канал, ги откупи правата за најновата, 2007/2008 сезона, на најпопуларното светско телевизиско ток-шоу, Шоуто на Опра Винфри. Гледачите од цела Македонија ќе можат да го следат од средината на ноември, преку кабелските оператори.

Ова шоу е дел од програмскиот концепт и визуелен идентитет на телевизискиот канал Скајнет Плус, во кои е вложено околу еден милион евра. Овој нов ТВ-канал ќе понуди странски и домашни ТВ-содржини според највисоките светски медиумски стандарди.

“Квалитетна ТВ-понуда е нашиот главен принцип со кој ќе се обидеме да се избориме за свој оригинален и препознатлив идентитет сред овој наплив од национални и сателитски ТВ-канали”, вели директорот на Скајнет Плус, Игор Трпковски.

Од средината на ноември 2008, гледачите на Скајнет Плус, ќе можат, за прв пат на македонски јазик, да ги гледаат светски познатите реални ТВ-шоуа, The Mythbusters и The Rachel Ray Show. 

Освен филмски наслови од светските продукции (меѓу кои и шпанската школа на Алмодовар), извонредни патеписни репортажи, ТВ-новели и хит-серии од врвна холивудска продукција, во програмската шема на Скајнет Плус ќе се најдат и емисии од најдобрите домашни продукции.

Дел од програмата на сателитскиот канал Скајнет Плус, како и локалната ТВ Скајнет, претставуваат и добро познатите проекти “Македониум” со Марина Дојчиновска и “Јади Бурек”, оваа сезона со нов водител и нов, пософистициран имиџ.

Релевантни информации на повеќе интересни теми, но и значително подобра ТВ-естетика ќе понудат специјализираните емисии: “Авто клуб” (авто-мото индустрија), “МК индекс” (финансиски магазин), “Конзилиум” (медицина), “Архистил” (архитектура), “8ка”(здрав животен стил), “Класје” (агроекономија)…

- Реклама -