Оплодиле 26 жени со погрешна сперма

Мажот што ја испратил својата сперма во холандската клиника за вештачко оплодување во Утрехт, изгледа доби повеќе потомци отколку што се надеваше. 

Заради „грешка во процедурата“ – како што рекоа официјалните лица, постои веројатност дека со спермата на еден ист донор се оплодени јајце-клетките на 26 жени, наведува Медицинскиот центар на Универзитетот во Утрехт.

Половина од жените оплодени со споменатиот примерок сперма се или трудни или веќе се породиле, додека ембрионите на останатите моментално се замрзнати. Центарот наведува дека ризикот јајце-клетките да се оплодени со сперма која не припаѓа на предвидениот/саканиот татко е мал, но не ја отфрла таквата можност.

Според нив, „несреќниот случај“ се случил меѓу април 2015-та и ноември годинава. Центарот истакнува дека жали што паровите вмешани во овој случај морале да ја примат лошата вест.

Инаку, главна причина за проблемот е тоа што „од некои непознати причини“ останала стара сперма во медицинските инструменти, пишуваат холандските медиуми.

 

- Реклама -