Хирурзите на медицинските факултети на Унуверзитетот Вашингтон во Сиетл и на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего утврдиле дека е можна операција за лечење на разни болести и повреди на мозокот без отворање на черепот и без вообичената огромна лузна на главата. Овој револуционарен, минимално инвазивен хируршки зафат, се изведува преку отворот каде што е сместено окото со што се елиминира отворање на черепот и вадење на дел од коска за да се дојде до мозокот.
Мал рез се прави зад или преку очниот капак кој е тенок колку што е дебелината на лист хартија. Притоа операцијата е помалку болна, а рехабилитацијата покуса.
– При оваа постапка се елиминирана потребата од отворање на черепот со што се избегнува голема лузна од едното до другото уво, а исто така е добра за заштита на големите крвни садови (каротидните и офталмолошките крвни садови), како и на нервите за слух, вид и мирис – вели Chris Bergeron, доцент на хирургија на Одделот за хирургија на глава и врат на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.
Покрај овој начин на операција на мозокот, создаден е и друг начин преку носот, но хирурзите велат дека тој е посоодветен за мали интервенции на мозокот бидеќи просторот е помал.
Овие две нови методи на операција на мозокот хирурзите тврдат дека можат да бидат употребени за лечење на тумори на хипофизата, менингиоми, васкуларни малформации и аневризми, повреди на мозокот во сообраќајни и други несреќи, а во моментов се применуваат само во двете клиники, каде што се и создадени, на Универзитетот Вашингтон во Сиетл и на Универзитетот Калифорнија во Сан Диего.
Оваа статија е преземена од списанието за наука и техника ЕМИТЕР