Опасноста од Nintendo Wii (видео)

НинтендоНајверојатно веќе сте виделе видеа на кои деца и возрасни уживаат во забавните игри за Nintendo Wii, но и видеа со несреќни случаи поврзани со револузионерниот контролер. Но, истражувачите од Детската Болница во Филаделфија велат дека овој тип на контролери може да биде и штетен по здравјето. Статистиката покажува дека бројот на повреди предизвикан од овие направи е во пораст.

Најверојатно веќе сте виделе видеа на кои деца и возрасни уживаат во забавните игри за Nintendo Wii, но и видеа со несреќни случаи поврзани со револузионерниот контролер. Но, истражувачите од Детската Болница во Филаделфија велат дека овој тип на контролери може да биде и штетен по здравјето. Статистиката покажува дека бројот на повреди предизвикан од овие направи е во пораст.

НинтендоПокрај Нинтендо, истиот проблем го имаат и оние кои го купиле новиот контролер “Move” за Sony Playstation 3. Користењето на овие направи носи со себе зголемен ризик за шинати рамена и глуждови, како и повреди на стапалата. Но повредите не се резервирани само за оние кои претерале со играње на нивното Wii, голем број од пациентите се и невини набљудувачи кои едноставно немале среќа и биле удрени од контролерот кој често знае да избега од раце.

Докторот Патрик О’Тул, човекот кој стои зад студијата, изјавил: „Оваа истражување детално ги анализира разните типови на повреди заработени со учествување во интерактивни и традиционални видео игри“, додавајќи дека „Децата помлади од 10 години треба да бидат надгледувани за време на играњето за да се избегнат повреди, кои се почести кај интерактивните игри.“

{youtube}4R1_YOU_z9s{/youtube}
- Реклама -