Британската козметичка индустрија годишно остварува профит од неверојатни шест и пол милијарди фунти, а она што најчесто се премолчува е фактот што многуте хемикалии од кои се состојат скапите кремови, маскари, пудри и руменила и останати женски драги ситници се и тоа како штетни.

Новинарката Dawn Mellowship која не штедела на факти, во нејзината книга „Toxic Beauty“ открила податоци од нејзиното истражување за опасноста скриена во секое шарено козметичко шишенце. Таа објавила дека хемикалиите кои најчесто се користат во производството на козметика предизвикуваат неплодност кај жените.
Како најопасни хемикалии се издвојуваат sodium lauryl sulphate (SLS) кои се наоѓаат во шампоните за коса, купките, геловите за туширање, пастите за заби. Оваа хемикалија брзо се впива и таложи во организмот (во срцето, црниот дроб, белите дробови и во мозокот). Кај децата може да предизвика дури и слепило. Опасен е и propylene glycol, незаобиколена состојка на регенераторите за коса, лосионите за тело, кремите и пастите за заби, кој може и трајно да ги општети бубрезите и црниот дроб. Доста опасни состојки има и во лаковите за нокти, лаковите за коса, парфемите, а освен што се потенцијално канцерогени, можат да предизвикаат и деформација на фетусот.
Како алтернатива постои природна козметика, но и со неа треба да се внимава бидејќи минералите со кои изобилува исто така мораат да поминат одреден хемиски и пурификациски процес за да бидат употребливи. Во секој случај таквата козметика е многу посигурна и здравствено поприфатлива од конвенционалната. [Is your make-up killing you?]