Сé почнало кога семејството Заринг било контактирано од средовечна жена која себе си се рекламирала како искусен професионален фотограф. Ги однела во популарниот Forest Park во Сент Луис, и им наплатила 250 долари за да им направи семејна фотосесија, како што било договорено.
По 8 месеци во пост-продукција, на семејството Заринг им стигнал пакет, а во него компакт диск со фотографиите. Кога семејството ги видело, се утепало од смеење.
На фотографиите, нивните лица изгледале како нацртани во Paint. Ја контактирале фотографката, а таа се пожалила дека имало премногу сенки (на денот на фотосесијата било прекрасен, сончев ден), а дека нејзиниот професор никогаш не ја научил да ретушира фотографии.
Семејството нема да бара рефундирање на парите. Ги сакаат само оригиналите, а целава работа им е претерано смешна. Велат дека на толку смеење, секоја пара се исплатела. Не сме баш сигурни за ова последново, ама фотографиите дефинитивно ќе се памтат.