Омилените оружја на убијците, по региони

homicide_1[1]

Сигурно не е изненадување што огненото оружје е најсмртоносното во светот и учествува во 4 од 10 убиства на глобално ниво. Но можеби е изненадување што одредени региони имаат други фаворити кога се работи за оружјето, фаворити кои варираат што во зависност од условите, што во зависност од религијата.

Според истражувањето на Канцеларијата за дрога и криминал при Обединетите Нации, последен пат објавено во 2013, најсмртоносните оружја се различни во различни делови од светот. Огненото оружје, на пример, и покрај тоа што е најсмртоносно на светот, најчесто е само во еден од петте светски региони.

Очигледно, тој еден регион се двете Америки. Од тие земји, огненото оружје е најистакнат фаворит каде ако не во САД. САД се убедлив глобален лидер во поседување на оружје, со 112.6 огнени оружја на секои 100 жители. Да, САД имаат повеќе огнени оружја од луѓе. Втора највооружена земја е Јемен, со 54.8 огнени оружја на секои 100 жители. Следна е, изненадувачки, Швајцарија – со 45.7 оружја на секои 100 жители.

Студијата на ОН истакнува дека достапната евиденција сугерира каузална поврзаност помеѓу достапноста на оружјето и стапката на убиства, но дека не е конклузивна. Во меѓувреме, во САД, бројот на парчиња огнено оружје се зголеми за 27%, во период од само 3 години откако беше спроведено истражувањето.

Во другите региони, пак, ниедно друго оружје не е поубедливо попопуларно од огненото во Америка, но затоа пак ножевите и студеното оружје е омилено во Океанија, додека „другите“ (отров, удари и физичка траума, давење) се најпопуларни во Европа, Африка и Азија.

deadliest-weapons-infographic[1]

- Реклама -