Жените не разбираат зошто би било потребно да се планира патување, кога од старт се знае дека изборот паѓа на добар апартман, хотел со спа центар, море, или евентуално некоја култна недела на модата во светот. Но, мажите обично имаат радикално поинаква идеја за уживање и совршеното патување!
Ви нудиме неколку идеи за тоа каде можете да го одведете и изненадите својот сакан.
Матичната канцеларија на Apple, Cupertino, Калифорнија, САД
Ова градче во Силиконската долина има доста не-американско име. Но, тука се наоѓа светилиштето на секој вистински Гик – главната канцеларија на корпорацијата Apple. СЕ верува дека дури и вработените на корпорацијата имаат право да влегуваат само во одредени простории. Па ако сте успеале да навлезете во внатрешноста, можете да се сметате за вистински среќници!
Гран-при на “Формула-1”
Огромната погодност на оваа манифестација е тоа што можете да си изберете место по ваша желба. Сигурно сте ги слушнале имињата на други легендарните Ники Лауда, Сена и се разбира Михаел Шумахер. Кој не би сакал да проследи трка во живо и да ги види летечките болиди.
Хобитон, Нов Зеланд
Земјата на хобитите е волшебно место. Треба само да се дојде до Нов Зеланд, односно до Оукланд, да пропатувате околу два часа со автомобил до гратчето Матамата и тоа е тоа. Токму тука Питер Џексон го снимал култниот „Господар на прстените”. Питер бил фасциниран од чистата животна средина во месноста. Без да мисли многу, купил еден-два хектари земјоделско земјиште и изградил на неа волшебна населба на хобитите во природни размери. Тука сè е вистинско – дупките со тркалезни врати, прозорчињата, овците. Последните впрочем се апсолутно природни. Ако вашиот партнерот е фан на Толкин, местото сигурно ќе му се допадне.
Светското првенство во фудбал
Ако не љуби да игра фудбал, не значи дека би го пропуштил Светското првенство, доколку му се понуди можност да проследи дел од него во живо. Дестинација – Бразил. На жените, можеби им е тешко да ја разберат возбудата на играта, колективниот дух, изливот на адреналин и радоста од тоа да се довикуваш со навивачите на противничкиот тим. Токму поради овие работи мажите го сакаат фудбалот. Зошто па да не ги поддржите?!
Голем бран
Забава за вистинските љубители на екстремните искуства – возење на сурфање по огромни бранови. Јасно е што е она што е потребно за големи бранови – океан. Во светот има неколку најпознати и најопасни места со огромни бранови за сурферите-екстремисти. Еден од овие бранови е Banzai Pipeline. Се создава се на Хаваите, крај северниот брег на островот Оаху. Овој бран се смета за смртоносно опасен дури и за професионални сурфери. А, без малку да заборавиме – таму има и ајкули. Однесете го таму ако навистина е професионалец и ужива во овој спорт. Веројатно не сакате да го убиете?
Нуркање, Антарктик
Стигнавме и до најекстремната „машка” забава на планетата – Антарктикот. Ќе мора да положите доста напори за да дојдете тука, а организираните екскурзии се ужасно скапи. За сметка на тоа сигурно ќе го поминете вашиот одмор по најнезаборавен и незамисливож начин. И нема ништо чудно – секој може да се нурка крај бреговите на Грција или Египет, но не секој би можел да искуси нуркање на Антарктикот.
Доколку сево ова ви изгледа претерано скапо, невозможно да се изведе или апсолутно не е по вашиот вкус, доволно е да разберете, дека треба да го оставите да ужива во она што навистина го сака. Без љубомора, без 30 пропуштени повици и со многу љубов и разбирање: