Омилената боја зборува многу за вашата личност, но и за вашите вештини и приоритети во креветот. А може да ви открие и по нешто за вашиот секс партнер.
Црвена
Тие се вистински тигрици во сексот и уживаат во него на разни начини. Сакаат да бидат предмет на посакување, а уживаат и во моќта. Тоа важи и за машките фанови на црвената, кои неретко знаат и да бидат претерано доминантни.
Жолта
Нивниот сексуален нагон е прилично комплексен, но и прилагодлив. Сакаат доминантни и мажествени мажи кои имаат потполна контрола во сексот.
Розева
Кога станува збор за сексот, сакате да бидете по малку незрели и разиграни. Сакате да провоцирате и кокетирате, а и да ветите повеќе отколку што можете да пружите. Мажите што сакаат розева боја се често склони кон флерт.
Виолетова
Дамите на себе гледаат како на премногу софистицирани личности за да си дозволат секси игри во креветот. Сакаат контрола и сакаат дефинирани правила, па се склони кон рутински сексуални желби. Слично е и со мажите. Тие исто така се опседнати со контрола, па сексот го практикуваат како да е „бизнис“ средба. Инаку, и двата пола се повеќе опседнати со своето уживање, отколку со желбите и потребите на партнерот.
Зелена
Кон сексот пристапуваат со нежност, свежина и невиност, без задни намери. Жените најчесто го доживуваат сексот како чисто водење љубов, како она во екот на заљубеноста, а мажите знаат да бидат неспретни и необични, но на свој, симпатичен начин. „Зелените“ не се склони кон неверства.
Портокалова
Сексот го сметаат за фантазија и се трудат така и да изгледа. Предиграта им е подеднакво важна како и самиот чин. Ретко доаѓаат до кулминација, но уживаат во самата игра на заведување, која неретко вклучува и филмски потези (траги од нокти на грбот на партнерот или влечење за коса).
Црна
Сакаат предизвици, нови уживања и неочекувани ситуации. Реагираат според својот нагон и сексуалните желби, освен кога се во стрестна ситуација. Тогаш, сексот е последното нешто за кое размислуваат.
Кафена
Тие се вистинско богатство за партнерот. Отворени се, сензитивни, и ги почитуваат неговите желби. Тие се романтичари што уживаат во чинот на заведување и флерт, а нивното искрено „те сакам“ совршено се вклопува во моментите на водење љубов. Не сакаат критики, кога се работи за сексот.
Сива
Неодлучни се и тешко се возбудуваат. За мажите, сексот е ослободување од притисок и задоволување на нагоните. За жените, сексот значи удоволување на партнерот или нужен чекор кон проширување на семејството.
Сина
Одлични партнери во сексот. Внимателни се и чувствителни, а љубовта и сексот ги сметаат за уметност. Обично се верни партнери, кои многу даваат, но и многу очекуваат.
Бела
За нив сексот е нешто многу приватно и таинствено. Сакаат да водат љубов во мрак и не се спремни за игри и зачини во креветот.