Карираното е боемски тренд кој дава огромна можност за експериментирање и со реална можност никогаш да не исчезне, бидејќи е исклучително практичен – несериозен, деловен, весел.
Меѓу многуте негови изрази денеска претставуваме палта, јакни, воопшто облека со различен крој која се комбинира со апсолутно сè, не е премногу досадна, а е многу симпатична.
Доколку вашата јакна или капут се еднобојни, во комбинација со кариран шал, чанта или карирани чевли ќе допринесе кон впечатлива визија и симпатична нотка.
Еве неколку идеи.